26. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Неготино

Во среда претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе биде во посета на Општина Неготино каде што ќе означи почеток на изградба и реконструкција на повеќе проекти.

Премиерот Мицкоски во 11:15 часот ќе го пушти во употреба реконструираниот градски пазар со што жителите на општина Неготино добија нов и најсовремен затворен градски пазар. Вредност на пазарот: 25.913.899 ден со вклучен ДДВ, средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

Потоа, уредување на урбан блок 5, урбана заедница 5.1 во Неготино-ВТОРА ФАЗА.

Отпочнување на градежни работи кои се однесуваат на изградба на комунална инфраструктура, уредување на цела населба.

Вредност на договорот за изградба на У.з 5.1 – ВТОРА ФАЗА изнесува 35.370.500,00 со ДДВ. Договор за финансирање од Министерството за транспорт 25.256.509,00 со ДДВ и кофинансирање Општина Неготино во вредност од 10.113.991,00 со ДДВ.

Оваа фаза од проектот беше аплицирана на Јавниот повик за финансирање на Министерството за локална самоуправа, а согласно соодветното министерство склучен е договор со Министерството за транспорт.

Првата фаза беше реализирана во вкупна вредност на проектот на износ од 15.930.000,00 денари – средства обезбедени од буџетот на Општина Неготино.

Понатаму, реконструкција на тротоари на ул. Маршал Тито на потегот од Либерта до полиција.

Вредност на проектот е 10.496.204,00 со ДДВ. Овој проект беше аплициран на Јавниот повик преку Министерството за локална самоуправа за финансирање на општините, надлежно министерство Министерството за транспорт.

Предвидено со овој проект е отстранување на стариот бетон и ивичњаци и отстранување на постоечките дрвја, тампонирање и монтажа на нови бекатон коцки и ивичњаци и засадување на нови дрва магнолии.