25. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Повисоки утрински температури во државата, максималната денеска до 12 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола и Берово, 0 во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, 4 во Охрид.

Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 2 во Берово.

Времето денеска

Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени./Извор:Makfax