Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Канада, соопшти ЕМСЦ.

Земјотресот е регистриран во 6:37 часот, во областа на островот Ванкувер.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 50,3796 и географска должина -129,897.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германија испраќа војници на истокот на Европа

C +

Експлозии во Крим и руски енергетски објекти за време на украински напад со дронови

C +

Најмалку 10 убиени во пукање на плажата Бонди во Сиднеј

C +
error: Соддржината е заштитена.