5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Дожд, снег и пораст на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Температурите ќе бидат во постепен пораст.

Прогноза за 25.02.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 4°C до 12°C

Променливо облачно, во раните утрински часови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините слаб снег, а во текот на денот со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер.

Прогноза за 26.02.2025
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 5°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 27.02.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Претежно облачно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Во текот на денот ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +