10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Меџити за Рацин: Грбот, химната, јазикот и внесувањето на Бугарите треба да одат во ист пакет уставни измени

Првиот вицепремиер, Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“ вели дека грбот, химната, албанскиот јазик и внесувањето на Бугарите треба да се направат во ист пакет уставни измени.

Тој додава дека во принцип, за внесувањето на Бугарите во Уставот никој нема ништо против, ниту некој од владините парнтери, ниту некој од надвор, а ни опозицијата.

„Ако дојдеме до тоа, за што досега има разговори, нема преговори, нема политички договор, тогаш ќе треба некои работи во пакет да ги разговараме и преговараме. Ако се работи за грбот дека потекнува од времето на комунизмот и химната потекнува од тогаш, лебди и прашањето за албанскиот јазик“ вели Меџити.

Тој додава дека никој нема да изгуби ако „20%“ од Уставот се замени со албански јазик.

 

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +