Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Меџити: Тоа што го правиме со мерките за чист воздух не е доволно – само гасификацијата е долгорочно решение

„Мерките се донесени на владина седница за контроли на големите загадувачи, на јавниот транспорт, на казните. Јас мислам дека не е доволно тоа да го направиме. Тоа не дава долгорочни резултати. Може да ублажиме со некој процент, но со тоа се лажеме и пак следната година, следните години ќе го имаме истиот проблем“ вели првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити во интервју за „Рацин.мк“.

Тој додава дека садењето нови садници, контрола на големите загадувачи и контрола на јавниот транспорт не се долгорочни или среднорочни решенија.

„Долгорочно решение е гасификацијата којашто го намалува за 50 до отсто загадувањето на возухот“ вели Меџити.

Тој додава дека гасификацијата ќе биде нов извор за енергија, алтернативен, поевтин и тоа ќе го намали за 50 до 70 отсто загадениот воздух.

„Нашиот концепт е сега освен секундарната и терцијарната гасификација со што ќе биде можно да се работи и на когенеративните, гасните централи што ќе придонесат и за топлинска енергија, односно за централно греење“ вели Меџити.

 

Можеби ќе ве интересира

221 ПРЕКРШОК ЗА САМО ПЕТ ЧАСА – Пешаците и возачите под засилена полициска контрола

ДЕСК

БЕЗ СТРУЈА ВО ПЕТОК ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – Објавени улиците, населбите и часовите на прекините

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ВО ПЕТОК – УХМР предупредува, од сабота следува заладување

ДЕСК