23. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДЕБАКЛ: Таравари вели прво етничките прашања па економија, Меџити вели прво вработување на партиските кадри па професионалците

Изет Меџити го подготвува најголемиот напад врз институциите досега – 3000 нови партиски вработувања во државната администрација. Оваа скандалозна најава од вицепремиерот Изет Меџити отвора сериозни сомнежи за постоење на веќе подготвени списоци со имиња на „подобни“ кадри, кои треба да се вдомат во јавниот сектор. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, на денешната прес-конференција порача дека овој скандал е доказ за целосната партизација на државата и бара итна реакција од антикорупциските институции.

„Изјавата на Изет Меџити дека Владата ќе вработи 2000 до 3000 партиски кадри на Меџити во државната администрација во најкус рок е скандал без преседан. Масовната партизација на администрацијата пред изборите е јасно договорена со Мицкоски. Прашањето е – дали списоците за вработувања веќе се кај него на маса?“ – запраша Кузевска.

Таа посочи дека откако Таравари изјави дека прво требало да се решат етничките прашања, па потоа да се зборува за економијата, сега Меџити има нова стратегија – прво да се вдомат партиските кадри, а потоа ќе зборуваме за вработување на квалитетните и способните. Мицкоски во целата оваа ситуација молчи, како и секогаш кога е во криза“ – нагласи Кузевска.