Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Уште една кумановка измамена за 2000 евра откако добила телефонски повик

Како што соопшти полицијата во четвртокот во 16.30 часот во СВР Куманово, 78 – годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзините син и снаа предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле малолетно дете и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ги гонат кривично. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, но подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски да одговори – ќе ја поддржи ли Резолуцијата?

ДЕСК

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР: Сузбиена организирана криминална група во Скопје, лишени од слобода осум лица

ДЕСК

Опозицијата се обединува против мигрантските договори на ДПМНЕ, најави СДСМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.