Фејсбук статус на Оливер Спасовски од СДСМ:
Почитувани граѓани,
Дозволете да упатам честитки по повод одбележувањето на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
Ако секој граѓанин има право да зборува на својот мајчин јазик, со тоа не губат другите граѓани, туку добива нашиот концепт Едно Општество и Северна Македонија како граѓанска и демократска држава.
Кога сите говореа дека македонскиот јазик го нема на картата на Европа, ние го докажавме спротивното – македонскиот јазик, темелот на македонскиот идентитет, е еднаков со сите европски и светски јазици.
Печат на тоа е 26 октомври 2022 година кога го потпишав првиот Договор помеѓу Македонија и ЕУ, ФРОНТЕКС, на македонски јазик, пред целата светска јавност. Ги урнавме сите лажните вести и демонстриравме како се сака мајчиниот јазик, како се сака Македонија.
Честит 21 Февруари, Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик!