18. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТ

Северна Кореја: Договорот за подморници меѓу САД и Австралија го загрозува мирот во регионот

Државните медиуми на Северна Кореја денеска ги критикуваа САД поради договорот за нуклеарна подморница со Австралија во рамките на партнерството АУКУС потпишано во 2021 година, нарекувајќи го закана за регионалниот мир.

Во коментарот пренесен од Корејската централна новинска агенција (КЦНА) се вели дека Вашингтон треба да биде претпазлив за последиците од нуклеарните сојузи, наведувајќи го воено-безбедносниот пакт Австралија-Велика Британија-САД (АУКУС) и трилатералната соработка со Јужна Кореја и Јапонија.

Според АУКУС, Австралија ќе плати 3 милијарди американски долари за зајакнување на капацитетот на американската индустрија за подморници, а Вашингтон ќе и продаде на Австралија неколку подморници со нуклеарен погон од класата Вирџинија. Австралија штотуку ја изврши првата исплата од 500 милиони долари.

Исто така, се наведува дека САД ја гледаат Северна Кореја како пречка за нејзиното воспоставување хегемонија во регионот. Северна Кореја ја критикуваше трилатералната воена соработка меѓу Јужна Кореја, Јапонија и САД, нарекувајќи ја врската азиска верзија на НАТО./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Моќно зголемување на платите во Германија: Милони работници ќе ги добијат парите во следните недели

ДЕСК

Девет загинати во руските напади врз Украина ноќеска, меѓу нив и деца

C +

„Зеленски се соочува со тешка средба со Трамп, мировните услови нема да бидат во корист на Киев“

C +