Кај 69-годишен пациент извршена е трансплантација на коскен дефект од 6 сантиметри на левата бутна коска поради претходна инфекција и псевдоартроза, објави Министерство за здравство.
„Пациентот е со уреден постоперативен тек. Трансплантацијата ја извршија д-р Антонио Гавриловски со асистентите д-р Бојан Будик, д-р Теодора Божиновска и д-р Ангел Тасевски, анестезиолог д-р Лилјана Ангелевска, специјализантот по анестезија д-р Ерхан Салкоски, инструментарка Татјана Дукадиновска, помошник-инструментаркаѕа Билјана Троановиќ, сестрата анестетичар Мерита Рамадами, болничарот Дардан Сељмани и радиолошкиот техничар Крешник Шеху“, напишаа од Министерството во објава на „Фејсбук“.
„Изразувам благодарност и почит до сите здравствени работници вклучени во процесите на трансплантација. Дарувањето органи е највисока форма на човекољубие и хуманост во моменти на лична и семејна загуба. Самиот чин на дарување да се спасат неколку други животи или да се подобри квалитетот на животот кога семејството е во голема болка од загубата секогаш ме остава без здив од нивната хуманост и величина“, вели проф. д-р Билјана Кузмановска./Извор:Makfax