13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Македонски државјанин учествувал во сообраќајка во Албанија, загинала жена

Тешка сообраќајка во која учествувал македонски државјанин се случила на магистралниот патен правец Прењас-Либражд.

Според информациите на албанските медиуми, до несреќата дошло околу полноќ, а учествувале автомобил и камион.

„Возилото управувано од 34-годишен маж се судрило со камионот управуван од државјанин од Северна Македонија“, известува „Топ ченал“.

Во несреќата животот го загубила сопатничката, а возачот на автомобилот е тешко повреден. Повредениот првично бил пренесен во болницата во Либражд, а потоа во регионалната болница во Елбасан.

Се сомнева дека причина за несреќата е движењето на возилата со брзина над дозволената брзина на остра кривина во Пишкаш, додека се прибираат докази за инцидентот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трагедија во Србија: се преврте чамец во Дунав, има жртви

C +

Трагедија во Хрватска: маж почина од убоди на стршлени додека сечел дрва за огрев

C +

Четворица загинати во сообраќајна несреќа во Хрватска: нуркачите ги извлекоа телата од море, автомобилот бил изнајмен на аеродром

C +
error: Соддржината е заштитена.