7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп најави нов американски принцип за царини, ќе важи за сите земји во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе воведе „реципрочни царини“ за да ја врати „праведноста“ на трговските односи меѓу Соединетите држави и остатокот од светот.

„Ако ни воведат царина или данок, ние им наметнуваме исто ниво на тарифи или данок, толку е едноставно“, рече Доналд Трамп во Белата куќа пред средбата со индискиот премиер Нарендра Моди.

Индија воведува тарифи од 25 отсто за американските автомобили, што би значело дека САД би можеле да го направат истото за индиските возила.

Идниот министер за трговија Хауард Лутник рече дека Трамп ќе го спроведе својот план до почетокот на април.

Од почетокот на неговиот втор мандат, американскиот претседател веќе воведе дополнителни тарифи од 10 отсто за кинеските производи – на што Пекинг одговори со целни дополнителни давачки за американските производи.

Вашингтон, исто така, се очекува наскоро да воведе царини од 25 отсто за челик и алуминиум што влегуваат во САД.

Претседателот призна дека цените „може да се зголемат на краток рок“ за американските домаќинства, но тој процени дека тие на крајот ќе паднат.

Според него, целата земја ќе има корист од овие тарифни бариери наменети за подобра заштита на националната индустрија од конкуренција и намалување на трговскиот дефицит на земјата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +

„Не одам кај терористот“, Зеленски ја отфрли понудата на Путин

C +

Трамп размислува за воени напади врз нарко-картелите во Венецуела, Мадуро најави вооружена борба

C +