22. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски воен авион навлезе во полскиот воздушен простор

Полските власти известија дека руски авион, кој полетал од Калининградската област во вторникот, кратко го нарушил полскиот воздушен простор.

„На 11 февруари 2025 година, во источниот дел на заливот Гдањск, воздушниот простор над територијалните води на Република Полска беше нарушен од авион ‘су-24МР’ на Вооружените сили на Руската Федерација. Авионот, кој полета од областа Кролевиец, влезе во полскиот воздушен простор на максимална длабочина од 6,5 километри и остана таму 1 минута и 12 секунди“, соопштија полските власти.

Радарските системи на полските вооружени сили го следеле летот на рускиот авион, а дежурните служби за надзор на воздушниот простор биле во контакт со руската страна. Руските власти го потврдија нарушувањето на полскиот воздушен простор наведувајќи дека тоа е предизвикано од дефект во навигацискиот систем на „су-24МР“.

„Персоналот на полскиот систем за противвоздушна одбрана врши 24-часовен надзор на воздушниот простор, секогаш подготвен да ја обезбеди неговата сигурност“, соопштија полските власти./Извор:Makfax