5. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Прекинот на огнот во Газа може да заврши в сабота доколку заложниците не бидат ослободени

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе предложи прекин на примирјето меѓу Израел и Хамас и ќе дозволи да се направи пекол доколку сите заложници во Газа не бидат ослободени до сабота напладне.

Говорејќи пред новинарите во Овалната соба, Трамп исто така рече дека би можел да ја запре помошта за Јордан и Египет доколку тие не ги примат палестинските бегалци што се преселуваат од Газа.

Изјавата на Трамп дојде откако Хамас го одложи планираното ослободување на заложниците обвинувајќи го Израел за кршење на примирјето. Израелскиот министер за одбрана ја стави војската во состојба на готовност поради можно обновување на конфликтот.

Претседателот Трамп исто така предложи преместување на Палестинците од Газа во Египет и Јордан, што двете земји го одбија. Јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади изјави: „Решението за палестинското прашање лежи во Палестина“.

Овие предлози предизвикаа загриженост кај арапските земји, кои изразија противење на присилното преселување на Палестинците нагласувајќи дека таквите потези може да го дестабилизираат регионот и да ги загрозат долгогодишните аспирации на Палестинците за сопствена држава./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

C +

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

C +

Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

C +