15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски кој не пробал цреши фрла илјадници евра месечно за лајкови

-Премиерот Христијан Мицкоски кој јавно вели дека не пробал цреши, месечно троши илјадници евра за реклами на Фејсбук, велат од СДСМ.

„Додека луѓето едвај врзуваат крај со крај поради огромните поскапувања, додека нема пари за поголема минимална плата и додека луѓе умираат бидејќи нема лекови Мицкоски фрла илјадници евра за лајкови.

Само една реклама на профилот на Мицкоски чини 600 евра, многу повеќе од минимална плата.

Тоа што Мицкоски ги убедува граѓаните дека им е доволно за цел месец го троши на Фејсбук за неколку дена. Каков безoбразлук, какво лицемерие.

Да се фрлаат илјадници евра за реклми на Фејсбук покажува дека на оваа власт не и се важни граѓаните.

За Мицкоски поважно е да фрла илјадници евра за лајкови, да се слика и да се снима, а за граѓаните баш му е гајле, нека се мачат како ќе го поминат месецот.“ – се вели во соопштнието.

Можеби ќе ве интересира

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК

Мицкоски: Расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија

ДЕСК