8. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авион удри во автобус при итно слетување: одекна силна експлозија во Сао Пауло

Авион удрил во автобус додека наводно се обидувал принудно да слета на улица во Сао Пауло.

Лесниот авион се урна околу 7.20 часот по локално време во Бара Фунда, во западниот дел на Сао Пауло.

Очевидци рекоа дека слушнале експлозија и виделе голем облак од црн чад, објави „Глобо“.

Во автобусот во кој удрил немало патници.

Нејасно е колку луѓе имало во авионот, а засега нема информации за повредени./Извор:Makfax