6. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОЗДРАВЈЕ

Проф Др. Докиќ: Kако ефикасно и навремено да се заштитиме од грипот кој зема замав?

Секоја година овој период од годината се јавуваат настинки и грип кои сите не погодуваат. Иако најосетлива категорија се децата, вирусите не ги одминуваат ниту возрасните. 

Загадениот воздух, променливото време, неминовно влијаат на природната отпорност на организмот. Со тоа се зголемува и склоноста кон акутни инфекции на горните дишни патишта што не прави ранливи и подложни на вируси и атипични бактерии, кои се насекаде околу нас. 

Како ефикасно и навремено да се заштитите од грипот кој зема замав. Како да го препознаете? Дали вакцините се доволни? Кои лица имаат најголем ризик? Одговор на сите овие прашања има Д-р Докиќ.

(20+) Facebook

Според него вирусите во 90-95% од случаите се причина за појава на респираторни проблеми и инфекции на дишните патишта (нос, крајници, уво и грло). Станува збор за респираторните вируси, за вирусите на грипот АБ и Ц, корона вирусот, а поретко се предизвикани од бактериитеStreptoccocus pneumoniaeStreptoccocus pyogenesHaemophilus influenzae и Moraxella catarrhalis. Вирусни инфекции кои ги напаѓаат горните дишни патишта, и кои доколку не се превземе нешто навреме, особено кај децата, лесно се спуштаат и на долните дишни патишта (бронхиите или белите дробови). 

Во тој контекст е важно навременото делување, за да се спречи развој на несаканите компликации.

Треба да знаеме и дека за почестото појавување на акутните инфекции на горните респираторни патишта придонесува и подолгиот престој во затворени простории со поголем број луѓе, недоволно проветрените простории со сув и топол воздух, како што се на пример детските градинки, училиштата, работните места, кината, средствата за јавен превоз и слично.

Затоа е важно носењето маски, вакцинирањето, редовна хигиена и често миење на раце,се начин за превентива, и секако зајакнување на имунитетот.

И ако повеќето луѓе не се мачат со покачена телесна температура, во најмала рака чувствуваат замор, слабост, поспаност, грозница, немир, раздразливост, главоболка, болки во мускулите и зглобовите, намален апетит, предизвикани од вирусните инфекции на дишните патишта. Кај некого предизвикуваат дури и сува и иритирачка кашлица, задишаност, преминувајќи во акутно воспаление на белите дробови (бронхопневмонија и плевритис), оставајќи трајни здравствени последици.

Во овие услови кога спречувањето на инфекциите на дишните патишта се наметнува како здравствен приоритет, докторите и пулмолозите препорачуваат хербални решенија кои се базираат на природни состојки. Едно од нив е Бронхо протект додаток во исхраната уникатна комбинација на билни екстракти (екстракт од Реиши, Цитрусни биофлавоноиди, црно семе, рузмарин, кинески тегавец, куркума и витамините Ц и Д) кој ефикасно помага во заштита на белите дробови, го олеснува дишењето и ја одржува функцијата на респираторниот систем. Може да се купи во продажните центри на Натура терапи, како и во аптеките. 

Се препорачува и за деца над 3 години, како превентива, има противвоспалителен ефект и го подготвува организмот да биде поотпорен на сите потенцијални инфекции. Ги проширува дишните патишта, овозможува полесно да се искашла секретот, делува антиалергиски, а има и антиоксидативно дејство, информира Д-р Докиќ.

Тој додава дека паралелно треба да внимаваме на здравата исхрана – внесување на доволна количина на течности, продукти богати со витамини, минерали, продукти кои содржат растителни влакна, како и продукти кои содржат малку маснотии, шеќери и вештачки ароми, и навремена употреба на хербални додатоци како БРОНХО ПРОТЕКТ.

Важна улога има и физичката активност, доволно сон и редовна прошетка на свеж воздух. 

Антибиотици – кога?

Мораме да знаеме дека примената на антибиотиците во лекувањето на акутните некомплицирани вирусни инфекции на дишните патишта е неоправдана. Антибиотиците се применуваат за лекување на компликациите на вирусните инфекции (синузитиси и отитиси) и за лекување на стрептококната ангина.