Centar.mk
СВЕТ

Демократите жестоко реагираат на планот на Трамп: „Тој е целосно изгубен“

Демократите реагираат со гнев на сугестијата на Трамп дека САД би можеле да ја преземат контролата врз Газа.

Сенаторот од Конектикат Крис Марфи напиша на Икс: „Тој е целосно изгубен“. „Имам вести за вас – нема да ја преземеме Газа“, рече тој во следната објава.

„Но, медиумите и озборувачите ќе се фокусираат на тоа неколку дена и Трамп ќе може да ги одвлече сите од вистинската приказна, а тоа е дека милијардерите ја преземаат владата за да им ја земат од обичните луѓе“.

Калифорнискиот конгресмен Ерик Свалвел објави: „Чекај што? САД ќе ја окупираат Газа? „Ни беше ветено дека нема повеќе бескрајни војни. Според моите пресметки, ги окупиравме Гренланд, Канада, Панамскиот канал и сега… Газа?“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Туристите во САД наскоро при влегување ќе доставуваат информации за нивните социјални мрежи

C +

Земјоделците низ цела Грција ги засилуваат блокадите

C +

Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел

C +
error: Соддржината е заштитена.