5. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Исчистен сметот во населбите Крњево и Капиштец, службите работат во две смени

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека општинските служби денеска со механизација го исчистија сметот во населбата Крњево и улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец, како дел од големата акција за чистење на општината.

„Продолжуваме со подобрување на хигиената во Центар, утрово нашите служби го исчистија сметот во населбата Крњево и на улиците „Шарски одреди“ и „Бел Камен“ во Капиштец. Се грижиме за чисто, уредно и здраво опкружување за центарци, ги уредуваме јавните површини и ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво. Ги повикувам сите граѓани да пријават смет и дива депонија, вработените на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ веднаш ќе постапат“, вели Герасимовски.

Големата акција за чистење „Центар не чека, Центар чисти“ започна минатата недела, откако Град Скопје ги остави центарските улици во смет.