Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната дома бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал EenVandaag.
Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода.
Државниот секретар за правда и безбедност, Ингрит Кунради, рече дека сегашната ситуација добила црн статус, што значи дека нема повеќе слободни места во затворите во Холандија за прифаќање нови осуденици./Извор:Makfax