Centar.mk
БИЗНИС

Од утре пониски цени на бензините и на дизелот

Од полноќ ќе има нови цени на горивата според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на претходната одлука и ќе биде 81,50 ден/лит.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), поевтинуваат за 1,50 ден/лит, во 30.01.2025 година и со тоа, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,141 ден/кг, во однос на 30.01.2025 година и со тоа же изнесува 44,672 ден/кг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Светот на Биби“ и DexyCo го претставуваат новиот анимиран серијал „The Toothstars“ наменет за глобалниот пазар

ДЕСК

Царина и Централен регистар: нема веќе одење во Царина за потврди за царински долг, Централен регистар со еден клик ги гледа електронски

ДЕСК

ССКМ :Ја поздравува одлуката со која данокот од 5 % останува при прва продажба на недвижности

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.