1. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Шукова: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се некадарни да водат држава, не се грижат за грѓаните

Додека граѓаните мака мачат како да ги платат сметките, Владата размислува да купува авион за себе и не само што не прави ништо за да го заштити стандардот на граѓаните, напротив активно работи на негово влошување.

-Во изминативе осум месеци, Владата целосно го уништи животниот стандард на граѓаните. Цените во маркетите растат без контрола а платите стагнираат. Владата немо го следи осиромашувањето на народот, без ниту една конкретна мерка за спас! Цените на основните производи се вивнуваат во небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари, а граѓаните едвај врзува крај, рече Шукова.

Потрошувачката кошничка е сѐ поскапа, а граѓаните се оставени сами да се борат со невидена економска криза потенцираше таа обвинувајќи ја владата дека е некадарна да ја води државата.

-Владата дозволи инфлацијата да го изеде приходите на македонските семејства, остави трговците да ги зголемат цените без никаква интервенција, а таа немо набљудува од страна. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се достојни да водат држава бидејќи не се грижат за луѓето и нивните маки, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.