Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Центар е лидер во енергетска трансформација, „Енергија Центар“ ни ја донесе меѓународната престижна награда TRANSIT

Градоначалникот Горан Герасимовски по повод Меѓународниот ден на чиста енергија 26 јануари, истакнува дека Општина Центар е лидер во енергетска транформација на локално ниво со имплементирани еколошки проекти и добиени бројни признанија.

„Во изминатите четири години од мојот мандат како градоначалник на сите граѓани интензивно работиме на социо-еколошката трансформација на општината. Центар е прва општина од целата држава којашто отвори енергетска канцеларија, но исто така Центар е и првата општина што оформи трговско друштво за производство и продажба на струја „Енергија Центар“. За формирањето на ова трговско друштво, во месец декември ја добивме и меѓународната престижна награда „TRANSIT“ на натпреварот за транзиција кон обновливи извори на енергија кадешто учество зедоа претпријатија од Велика Британија, Шпанија, Кипар, Малта, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Ние бевме единствениот победник, што е одличен показател и резултат за нашата посветеност“, потенцира Герасимовски.

Герасимовски, информира дека постигната е заштеда од 50% од потрошувачката на електрична енергија со поставените фотоволтаици на покривот на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во објектот „Пепелашка“.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова со директна поддршка на Горан Герасимовски за втор градоначалнички мандат

ДЕСК

Сите училишта во Карпош имаат фотоволтаични системи

ДЕСК

Д-р Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

ДЕСК