Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Увид на експресниот пат кај Крива Паланка по две сообраќајни несреќи

-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место на експресниот пат во близина на Крива Паланка, каде вчера едно по друго се случија две сообраќајни несреќи, соопшти Обвинителството.

-Имено, најпрво автомобил “фолксваген голф” излетал од патот и се превртел, при што животот го загубил еден од сопатниците во автомобилот. Неговиот син и возачот се здобиле со телесни повреди.

Јавниот обвинител ги презеде сите дејствија за обезбедување на доказите и за испитување на причините за несреќата, а за починатиот е издадена наредба за обдукција.

Но, додека на лице место се преземале дејствијата за увид, на обележаната локација влетал друг автомобил, кој најверојатно според првичните сознанија поради неприлагодена брзина удрил во паркирано возило и телесно повредил четворица полициски службеници кои го вршеле увидот. Во сообраќајната несреќа потешко повредена е и сопатничката во автомобилот.

Јавниот обвинител постапува и презема дејствија за испитување на причините и за оваа несреќа, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

C +

Утре наутро претежно ведро и студено, преку денот сончево

C +

Касами: Тетово ја заслужува оваа трансформација – продолжуваме уште посилно со Второто поглавје за развој

C +