23. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Дали има здрави шеќери, како и колку да ги консумираме-корисни совети кои базираат на наука од нутриционистот Сашко Дрвошански.

Митови или заблуди поврзани со консумирањето на шеќери и јаглехидрати, што кажува науката, какви се последните научни пракси. Да почнеме од почеток.

1. Кафениот шеќер е поздрав од белиот? Ова е мит, и едното и другото е шеќер, разликата е во бојата која останува во кафениот шеќер, и едниот и другиот го крева инсулинот. Значи од аспект на здравствените ефекти и едниот и другиот не се здрави, и треба да се избегнуваат.

2. Заблуда е дека агаве нектарот и сите фруктозни засладувачи, макар и ако се природни се добри за здравјето и се подобра замена за шеќер. Факт е дека тие содржат висок процент на фруктозата која телото не може да ја искористи како енергија што доведува до замастување на црниот дроб и покачување на мастите во телото.

3. Дека урмите иако се слатки се добри за здравјето. Ова е точно. Тоа е така бидејќи урмите содржат посебен вид природен шеќер алулоза кој не ја пореметува гликемијата, и нема да донесе нагло зголемување. Значи урмите се многу добра замена за шеќер, и треба да ги вклучиме во исхраната.
4. Дека шеќерот е потребен за сите наши клетки, и за енергија и затоа треба да го внесуваме! Точно е дека на нашиот организам му се потребни сложени јаглехидрати (скроб кој го има во мешунките како грав, леќа… и во овошките), но не и прости шеќери.

5. Прекумерното консумирање шеќери го намалува нашиот имунитет, Точно! Колку повеќе шеќер во клетките толку помалку тие може да консумираат витамин Ц.
6. Оризот и компирот се одличен извор на јаглехидрати. Препорака е да се консумира белиот а не кафениот ориз. Бидејќи оризот е силно контаминиран со арсен, кој многу го има во лушпата и во интегралниот кафен ориз. Леб! Бел или интегрален? Леб од кисело природно ферментирано тесто е најдобар.

7. Најдобар начин да се консумира грав, ориз, компир е откако термички ќе се обработи, па да се оладат во фрижидер, бидејќи така создаваат резистентен скроб кој многу долго се разложува, и се обезбедува подобра апсорција на шеќер.

8. Засладувачи ако веќе ги користиме, тоа да биде стевија, урма…

9. Кога шеќерот се изложува на висока температура во присуство на масти и протеини се создаваат токсични соединенија. Точно.

10. Млекото содржи лактоза, и во него не треба да додаваме шеќер…Точно!

11. Јаглехидратите кои доаѓаат од природата (овошки и зеленчук) имаат важни нутритуенти (протеини и минерали) и тие му се потребни на организмот и даваат енергија, па така нема потреба од прости шеќери. Прекумерниот внес на шеќери создава инсулинска резистенција, и тоа е основа за појава на дијабет. Дијабетол форте е идеален суплемент како одличен начин со природни состојки да с ерегулира глигемијата.

12. Шеќерите предизвикуваат стареење на нашите клетки. Точно.

13. После јадење се препорачува 10 минутно дрвижење, за поголемо согорување и регулирање на шеќерот.

Не секогаш треба да внесуваме шеќери за да имаме енергија….. како здраво да ги конзумираме шеќерите, како да имаме добри нивоа на шеќер, кога, колку да го консумираме…кој е најздравиот доручек, што да јадеме наутро за да можеме долго да го издржиме денот, може да дознаеме во подкастот научно докажано со Сашко Дрвошански