Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска облачно со дожд и снег

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од 0 до 5 степени, а максималните од 3 до 12 степени.

Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и на пониските места.

Во Скопје претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА ВО СОЛЗИ: Во страотна сообраќајка на патот Прилеп – Росоман загинаа 2 лица, повеќе се повредени

ДЕСК

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ДЕСК