Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Не поминаа интерпелациите за Меџити, Стоиљковиќ, Тошковски и Исени

Во Собранието на Република Македонија не поминаа интерпелациите за четворицата членови на Владата.

Од Европскиот фронт, кој ги поднесе четирите интерпелации, побараа политичка одговорност и оставка од вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени.

Пратениците на СДСМ на почетокот на седницата најавија дека нема да учествуваат во расправата по интерпелациите бидејќи, според нив, нема потреба од нови поделби по етничка основа.

Интерпелациите за четворицата владини функционери не беа поддржани ниту од владејачкото мнозинство.

Вчера попладне беше изгласана само интепрелацијата за претседателката на Комисијата за социјална политика Илире Даути, поднесена од пратеничката група на „Левица“.

Од Кабинетот на претседателот на Собранието преку соопштение појаснија дека гласањето за интерпелацијата на Даути нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот, кажаа од Кабинетот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК