Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време: претпладне магла, кон крајот на денот повремен дожд, а на повисоките планини слаб снег

Времето денеска ќе биде Променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локалeн дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со појава на магла, а кон крајот на денот со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела врнежите наместа ќе бидат пообилни, а поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер ќе бидат претежно од снег. На повеќе места се очекува да се формира снежна покривка, а на планините позначително да се зголеми. Повремен снег ќе има и во понеделник, а потоа ќе преовладува стабилно и студено време./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК

Слушнал повеќе истрели од огнено оружје, па излегол да провери што е работата – полицијата пронајде 19 чаури

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.