12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје

На 07.01.2025 во 20.55 часот на ул.„Христијан Тодоровски Карпош” во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.Д. (32) од Скопје, кој бил баран со централна потерница за издржување затворска казна од две години за сторено кривично дело во врска со чл.247 од КЗ.

Исто така, на 08.01.2025 во Скопје од страна на полициски службеници од ОКР Кисела Вода лишен од слобода е А.С. (29) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и четири месеци за сторено кривично дело по член 215 ст.1 од КЗ. Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено поправни установи.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +