Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен криумчар, пронајдени 10 мигранти

-На 24.12.2024 во 00.50 часот во близина на локален пат Гевгелија – с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Д.Г.(19) од с.Будинарци, беровско. Претходно, во близина на Граничен премин Богородица, полициски службеници забележале дека во возилото „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки, кое Д.Г. го управувал, влегуваат повеќе лица мигранти. Д.Г. го запрел возилото и се обидел да побегне, но набргу бил пронајден и лишен од слобода, а при преглед во возилото биле пронајдени 10 лица мигранти, од кои осум од Република Турција и двајца од Ирак, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава против Д.Г., а мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ПЛАМЕН И ОТПАДНАТИ ДЕЛОВИ ОД ПРИКОЛКА НА ВОЗИЛО ЗАТВОРЕНА ОВАА ДЕЛНИЦА – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

НОВ ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Очув и мајка осомничени за обљуба на малолетно девојче

ДЕСК