Полицијата во германскиот пристанишен град Бремерхавен синоќа уапси маж кој се заканувал преку Тикток, дека ќе изврши тешки злосторства на божиќниот пазар во градот.
Веста доаѓа откако 50-годишен маж од Саудиска Арабија во петокот влета со својот автомобил во толпа на божиќниот пазар во источниот германски град Магдебург, при што уби пет, меѓу кои и едно 9-годишно дете, а повред 200 лица.
Полицијата успеала „многу брзо“ да го идентификува осомничениот по објавувањето на видеото и привремено го приведе, велат тие.
Властите не дадоа дополнителни детали за уапсениот или сериозноста на заканите, но рекоа дека нема опасност за јавноста./Извор:Makfax