Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер. Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.Потоа следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
Прогноза за 23.12.2024
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 1°C до 7°C
Променливо облачно и студено со локален повремен снег, претежно во планинските делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 24.12.2024
Минимална температура: -6°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 6°C
Променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег, особено во северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 25.12.2024
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C
Променливо облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Наместа повремено ќе провејува снег.