Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ изјави дека може како човек да разбере ако српскиот претседател Александар Вучиќ размислува да поднесе оставка бидејќи, како што наведе, со години се случуваат обиди за дестабилизација на земјата во која тој е изложен на омраза, но тоа би било „политички погубно“.
„Можев да разберам дека му е доста од тоа. Но, треба да направиме неколку големи работи што им ги ветивме на граѓаните до 2027 година. Да го завршиме ЕКСПО, да достигнеме просечна плата од 1.400 евра, да продолжиме со економските реформи, да работиме на инфраструктурни проекти“, изјави Брнабиќ за ТВ Пинк.
За тоа, како што истакна таа, потребен е Вучиќ, кој изјави дека не знае да одмора и се натпреварува со себе во работата.
Според неа, обидите за дестабилизација на земјата бидејќи, како што вели, на некои во Србија и во светот им пречи нејзината независна политика, траат откако Вучиќ стана премиер на Србија, а потоа и претседател.
Таа рече и дека опозицијата сака преодна влада „што е синоним за влада без избори“, но посочи дека „нема ништо да се добие од таа работа“.
„Разбирам дека, како и секој пат, сакаат преодна влада, тоа е нивното второ име е преодна влада, а преодна влада е всушност синоним за влада без избори. Тоа значи дека не е важно како гласале граѓаните, воопшто не ни е важно кој има мнозинство во парламентот, сакаме да бидеме министри и сакаме да бараме кои ресори сакаме да ги водиме“, рече Брнабиќ.
Таа оцени дека формирањето на преодна влада ќе биде спротивно на секоја демократска норма.
„Тоа би било шлаканица за сите граѓани на Србија“, истакна Брнабиќ.
Таа оцени и дека оставката на српскиот претседател Алексадр Вучиќ „би била политички погубна за Србија“.
Мислам дека до 2027 година треба да ги завршиме четирите големи работи што им ги ветивме на граѓаните“, рече Брнабиќ./Извор:Makfax