1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Фото: Министерство за транспорт
МАКЕДОНИЈА

Следната година ќе овозможиме субвенции за купување на нови велосипеди, најави Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео со кое најавува нови мерки за унапредување на велосипедската инфраструктура. Во продолжение изјавата на министерот Николоски:

“ Со цел решавање на сообраќајниот хаос, но исто така решавање и на дел со проблемот на загадувањето, имавме многу корисна средба со GoGreen (Биди Зелен), на која што договоривме две работи коишто многу ќе помогнат на сите оние коишто користат велосипеди.

Прво измена на Правилникот за урбанистичко планирање со којшто јасно ќе биде дефинирано на кој начин ќе се спроведуваат и ќе се градат велосипедски патеки за веќе инвеститорите да немаат изговор да не ги градат истите, сега ќе бидат обврзани да ги градат и второ, веќе после Нова година почнуваме политика на Министерството за транспорт за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипеди со цел што повеќе луѓе да користат велосипед.

Значи од една страна ќе работиме на инфраструктура за велосипеди, а од друга страна на овозможување на сите коишто сакаат да купат велосипед.

Се надевам ова ќе е еден чекор напред кон користење на велосипеди, имање на подобра велосипедска инфраструктура, секако побрза комуникација и поздрава животна средина.

Одиме напред! – oбјави министерот Николоски.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +