Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Студ и стабилно време до четврток, потоа пресврт – Метеоцентар со детална прогноза за времето

Утре ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. До четврток времето ќе биде стабилно, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност и таму дневните температури ќе бидат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло поради што ќе има делумно топење на снежната покривка. Нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег се очекуваат од петок.

Прогноза за 17.12.2024
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 15°C

Претпладне со услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Прогноза за 18.12.2024
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 7°C до 16°C

Претпладне со услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.

Прогноза за 19.12.2024
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 15°C

Претпладне со услови за појава на магла по котлините, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Времето повторно изненадува – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија во Прилеп – Донесено во болница починато бебе на возраст од осум дена

ДЕСК

Млада битолчанка погодена со тврд предмет на ракометен натпревар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.