Centar.mk
magla_pletvar
МАКЕДОНИЈА

Густа магла кај Ѓавато и Плетвар, возете внимателно

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 20 метри на патниот правец с.Гајре – с.Лисец, додека на планинските премини Ѓавато и Плетвар до 50 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВИСОК ПРИТИСОК ГО „ЗАКЛУЧУВА“ ВРЕМЕТО: Стабилност со скриена замка – Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

СДСМ со упатство: Безидејно ВМРО – ДПМНЕ, Македонија 2030

ДЕСК

Пожар во стан во Скопје, за среќа нема повредени

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.