12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мета му донираше милион долари на Трамп

Мета донираше 1 милион долари на инаугуративниот фонд на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, потврди компанијата за Си-ен-ен.

Да потсетиме, шефот на Мета, Марк Цукерберг, пред две недели приватно се сретна со Трамп во Мар-а-Лаго, а Си-ен-ен претходно објави дека Цукерберг бара поактивна улога во обликувањето на технолошката политика на идната администрација.

Тоа е голем пресврт од пред речиси четири години кога Мета го забрани Трамп на своите платформи по нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Во пресрет на овие избори, Цукерберг постепено покажа афинитет кон Трамп. Во интервјуто летото, основачот на Фејсбук рече дека одговорот на Трамп на обидот за атентат во јули бил „опасен“.

„Да го видам Доналд Трамп како станува откако е застрелан и ја става тупаницата во воздух со американско знаме е една од најопасните работи што сум ги видел во животот“, рече тој за време на интервјуто.

Трамп во интервјуата и претходните настапи се фалеше за разговорите што ги имал со технолошките титани, а сега ги фали компаниите што некогаш ги обвинуваше за неговиот пораз на изборите во 2020 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +

Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

C +
error: Соддржината е заштитена.