15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Најмалку шест лица загинаа во рускиот воздушен напад врз Запорожје

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад кој вчера уништи клиника во украинскиот град Запорожје се искачи на шест, додека уште четири лица се уште се под урнатините, соопштија регионалниот гувернер и итната помош.

Уште 22 лица се повредени, изјави гувернерот Иван Федоров на својот канал на Телеграм. „Сите служби за итни случаи на градот се на терен“, рече тој.

Украинската државна служба за итни случаи соопшти дека нејзините спасувачи успеале да ги извлечат двете жени од под урнатините на зградата во текот на ноќта. Фотографиите објавени на канал на Телеграм покажуваат спасувачи и машини кои работат во купишта урнатини од урнатата зграда.

Русија редовно изведува воздушни напади врз Запорожје и околината. Во нападот врз градот минатиот петок загинаа 10 лица, а повеќе од 20 беа ранети. Двете страни негираат дека целта на нивните напади биле цивили, велејќи дека нападите имаат за цел да ја поткопаат инфраструктурата клучна за меѓусебните воени напори.

Претседателот Володимир Зеленски во вторникот ги повика сојузниците на Украина да обезбедат уште 10-12 системи за противвоздушна одбрана Патриот за кои рече дека целосно ќе го заштитат небото на земјата. Од целосната инвазија на Русија во февруари 2022 година, Украина постојано бараше од своите сојузници да обезбедат понапредни системи за противвоздушна одбрана./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Путин: САД искрено се обидуваат да ја завршат војната во Украина

C +

Бројот на ЗАРАЗЕНИ во Европа нагло расте, лекарите повикуваат на претпазливост: „Ова е загрижувачко“

ДЕСК

Сестрата на Ким Џонг-ун: Ќе напишеме во уставот дека не сакаме добри односи со Сеул

C +