Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените

Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ. Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно, велат од СДСМ.

„Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.

Доказ за тоа се цените во маркетите каде што се гледа дека нема никакво намалување, но и официјалните податоци на Државниот завод за статистика, кои покажaa дека цените на мало во октомври кога се спроведуваше мерката се намалиле за само 0,1%.

Трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври. Граѓаните секојдневно се борат да врзат крај со крај а власта на Мицкоски и ДПМНЕ со погрешните економски мерки и политики не им помага туку им одмага.

Наместо нови мерки кои нема да дадат резултат владата треба да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната – мерка која директно ќе помогне во намалување на трошоците за живот и ќе даде вистинска поддршка на животниот стандард на граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.