5. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На протестите во Грузија 44 лица беа хоспитализирани, полицијата употреби водени топови

На третата ноќ од протестите во главниот град на Грузија против владината одлука да ги прекине преговорите за влез во Европската унија, 44 лица се хоспитализирани, соопштија официјални лица во неделата, а протестите продолжија и синоќа – четврта ноќ по ред.

Министерството за внатрешни работи на Грузија вчера соопшти дека ноќта меѓу саботата и неделата се хоспитализирани 27 демонстранти, како и 16 полицајци и еден медиумски работник.

Десетици илјади демонстранти се собраа пред парламентот и во неделата вечерта, фрлајќи камења и палејќи факели, додека полицијата употреби водени топови и солзавец./Извор:Makfax