Centar.mk
СВЕТ

Џо Бајден го помилува синот осуден за оружје и даночно затајување: Се надевам дека Американците ќе разберат

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го помилува својот син Хантер, што е прилично пресврт за претседателот кој постојано изјавуваше дека нема да ги користи своите овластувања за да го помилува или да ја ублажи казната на својот син.

– Верувам во судскиот систем, но откако се борев со ова, верувам и дека грубата политика го зарази овој процес и доведе до пропуст на правдата, така што кога ја донесов оваа одлука викендов, немаше смисла повеќе да се одложува. Се надевам дека американскиот народ ќе разбере зошто таткото и претседателот би дошле до оваа одлука – рече Бајден во својата изјава.

Хантер Бајден требаше да биде осуден на 12 декември за федерални обвиненија за оружје. Тој, исто така, требаше да биде осуден на 16 декември во посебен кривичен случај во кој тој се изјасни за виновен во септември по обвиненијата за федерално затајување данок./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Закана за бомба на централната автобуска станица во Москва

C +

Путин во Њу Делхи: Ако САД имаат право да купуваат наше гориво, зошто Индија да не ја има истата привилегија

C +

„Америка може да нè предаде“: протече разговор меѓу Макрон, Мерц и Зеленски

C +
error: Соддржината е заштитена.