5. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На протестите во Тбилиси беа приведени 224 лица

На протестите кои се одржаа во Тбилиси во изминатите неколку дена, приведени се 224 лица поради ситно хулиганство, отпор и непослушност кон полицијата, соопшти Министерството за внатрешни работи на Грузија.

Во соопштението се наведува дека се приведени три лица осомничени дека нападнале полицајци при вршење на службената должност и со подметнување пожар предизвикале имотна штета и против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

„Како резултат на незаконските и насилни дејствија на учесниците на синоќешниот собир повредени се 21 вработен во МВР. Некои жртви се здобиле со тешки телесни повреди на главата, лицето и телото. Во последните дејствија повредени се службеници, од кои четворица се уште се во медицински установи“, се наведува во соопштението.

Забележано е дека и покрај постојаното предупредување, за време на митингот некои учесници ја оштетиле зградата на парламентот и инфраструктурата лоцирани на авенијата Руставели./Извор:Makfax