Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза – Следува многу снег, па стабилизација

Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места во западните делови од снег и ќе се зголеми снежната покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува претежно стабило време со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).

Прогноза за 06.12.2024
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 5°C до 12°C

Променливо облачно, во утринските часови со локален дожд, а на планините со локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.12.2024
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 13°C

Променливо облачно, во утринските часови со услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, попладне вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 08.12.2024
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се излизга – Лефков фатен во обид да исфабрикува скандал со лажна фотографија

ДЕСК

Во Детска клиника донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот

ДЕСК

Словенечки пожарникари пристигнаа за помош во гаснење на шумските пожари во Македонија

C +