27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиен син на хрватски пејач во Еквадор: Го застрелале две лица на мотор, го убиле со четири куршуми

Томислав Зеленчиќ (48), хрватски државјанин, е убиен во вооружен напад во Манта, во провинцијата Манаби во Еквадор, што го прави четврта жртва во регионот во последните три дена. Зеленчиќ, кој живееше во тој град повеќе од 20 години, беше убиен во напад во вторник, на 26 ноември, во 10 часот, во близина на неговиот дом во населбата Јоцај.

Според изјавите на сведоците, жртвата се движела по тротоарот во близина на неговата куќа, а нападот го извршиле две лица на мотор. Напаѓачите, според еквадорските медиуми, испукале најмалку четири куршуми кон Томислав Зеленчиќ пред да побегнат. Тешко повредениот Хрват останал да лежи на улица во локва крв. Соседите и роднините со приватно возило го пренеле во болницата ИЕСС Манта, каде и покрај напорите на медицинскиот персонал набрзо починал. Полицијата излегла на местото на настанот за прибирање докази. Телото е пренесено во Судскиот центар Манта за понатамошна обдукција. Мотивот за нападот се уште не е познат, а властите започнале интензивна истрага за откривање на сторителите.

Јутарњи лист пишува дека Зеленчиќ е син на пејачот Инослав Ино Зеленчиќ, основач на групата Задар експрес. Пред многу години, Томислав се преселил во Панама, каде што работел на рибарски бродови, по што се преселил во Еквадор. Еквадорските медиуми објавија и дека Зеленчиќ во 2016 година поднел пријава за грабеж, кој била набрзо решен/Извор:Makfax