Претседателот на САД, Џо Бајден го одобри снабдувањето со противпешадиски мини за Украина, изјави американски официјален претставник за Ројтерс, потег што може да помогне да се забави напредувањето на Русија на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од Соединетите држави.
Соединетите Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили, рече претставникот. „Вашингтон пост“ прв објави за развојот на ситуацијата.
Соединетите Држави ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период, додаде функционерот.
Тие бараат батерија за детонација и нема да експлодираат кога батеријата ќе се испразни. Вчера Украина употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи го новото овластување од администрацијата на Бајден на патот до 1.000-тиот ден од војната.
Москва рече дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон и ја доставил досега на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот./Извор:Makfax