Британската влада потврди дека внимателно ја разгледува безбедносната ситуација за нејзините дипломати во Киев, откако Соединетите Држави привремено ја затворија својата амбасада во главниот град на Украина поради разузнавачки информации за „значаен воздушен напад“.
„Во овој момент нема да навлегувам во детали за оперативните работи кои се на терен во Киев. Она во што можете да бидете сигурни е дека неверојатно внимателно ја следиме ситуацијата. Имаме многу добри односи со владата во Киев и со Соединетите Држави ќе направиме се што можеме за британските граѓани да бидат безбедни“, рече министерот Питер Кајл.
Тој додаде дека војната „може веднаш да заврши доколку самиот Владимир Путин реши да се деескалира, а не постојано да ги влошува околностите околу овој конфликт“. Британскиот премиер Кир Стармер вчера вети дека ќе продолжи да ја поддржува Украина./Извор:Makfax