25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Власта не ги сака домашните компании, во Буџетот 2025 им ги скрати парите

-Власта на Христијан Мицкоски во предложениот Буџет за 2025 година, ги намали парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени, соопшти СДСМ.

„Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.

За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе.

Ова не е фер пристап кон домашните компании и кон работниците во овие компании.

ДПМНЕ ја враќа земјата на старата неефикасна и несоодветна политика која ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.

Поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава е еден од клучните аспекти. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.“ – се вели во соопштението.