25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пожарникари дежураа кај манастирот над село Смолари, пожарот на Беласица сѐ уште активен

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарот на планината Беласица помеѓу село Смолари и село Мокрино беше локализиран. Во интервенцијата учествувале ТППЕ Струмица со 7 пожарникари и две противпожарни возила, и 2 од ПШС Беласица Струмица. Но, сношти, во 22.30 часот пожарот се активирал повторно. На лице место извршено е увид од страна на директорот на ЈП ПШС „Беласица“ и од МВР ПС Струмица, по што се побарало ПП возило од ТППЕ Струмица да дежура ноќта поради опасност кон викендица и манастирче.

Пожарот бил на околу 200 метри од објект и според проценка на пожарникарите од ТППЕ Струмица немало опасност кон објекти или кон село. На лице место биле првите луѓе од Полицијата од Струмица и од ЈП ПШС „Беласица“ и 4 полицајци кои ке патролираат. Екипа од ТППЕ Струмица, со 1 пп возило и 3 пожарникари и 1 ПП возила и 1 пожарникар од Ново Село дежураа кај манастирот над село Смолари. Направен бил заштитен појас од околу 500 метри. Пожарот е сопрен на околу 100 метри од манастирот. Инаку, синоќа од безбедносни причини беа евакуирани луѓето од манастирот. На терен дежураа и 4 полицајци од ПС Струмица, извести ЦУК.

РЦУК Струмица извести дека пожарот на Беласица е се уште активен и дека на терен се интервенира./Извор:Makfax