22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кој ќе биде претседател на САД: Трката е тесна, но победникот би можел да биде убедлив

Денеска, 5-ти ноември се оддржуваат изборите за претседател на САД.

И додека сите очи се вперени кон најмоќната светска сила во очекување на резултатите, анкетарите ги прилагодуваат своите необработени податоци врз основа на претпоставките за тоа кој всушност ќе оди на гласање, кој ќе остане дома и дали собраните информации точно ќе ја одразуваат општата гласачка јавност.

Исходот од тие претпоставки може драматично да ги промени резултатите од анкетите – и тоа без да се земе предвид дека секоја анкета има основна статистичка „маргина на грешка“.

Анкетите во оваа претседателска трка – особено во клучните држави каде што се води најголемата борба – покажуваат статистички изедначена ситуација која е на граница на грешка, дури и без да се смета изборот на анкетарите за тоа како да се приспособат резултатите.

Тоа значи дека, барем според анкетите, во суштина е невозможно да се каже дека едниот или другиот кандидат имаат поголеми шанси за победа.

Но, тоа исто така не значи дека, кога се ќе заврши, нема да има јасен победник, бидејќи сите пресвртни точки можат да надвладеат во корист на еден кандидат – што, всушност, често се случува.